Земјоделците од Свети Николе ги добија првите картички за зелена нафта

фото: МИА

Овчеполските земјоделци денеска ги добија првите картички за мерката зелена нафта. Градоначалникот на Општина Свети Николе на доделувањето на картичките истакна дека ова е мерка, што првпат се случува и е на барање на самите земјоделци, а Овче Поле и понатаму останува најземојделскиот регион на истокот, бидејќи овде има над 4.500 индивидуални земјоделци.

– Само оваа година во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се регистрирани 98 млади земјоделци, што значи дека земјоделството ни е наша најосновна дејност во овој крај, од друга страна од вкупно 19.000 хектари обработлива површина под закуп се дадени 14.500 хектари. Затоа се надевам дека со оваа мерка на Владата ќе можеме на сите вас земјоделци да ви излеземе во пресрет, вели Велковски.

Лазар Поп Јанев, кој има овошни и лозови насади истакна дека мерката зелена нафта ќе му ги намали трошоците при обработката и производтво на овошје и грозје, но вели дека недостасува организиран откуп на земјоделските производи.

Светниколските земјоделци кои пријавиле субвенции за 2018 година картичките за зелена нафта ќе можат да ги подигнат секој работен ден во подрачната единица на МЗШВ во Свети Николе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот