Земјата на изгрејсонцето излезе од рецесија: Јапонија со раст на БДП од пет отсто во третиот квартал оваа година

Фото: EPA-EFE/JIJI PRESS JAPAN OUT EDITORIAL USE ONLY/ NO ARCHIVES

Јапонскиот бруто домашен производ (БДП) се зголеми за пет проценти во периодот меѓу јули и септември во споредба со април-јуни, што ги надминува очекувањатра и претставува излез на земјата од рецесија по падот на економската активност во три последователни квартали.

Падот на економската активност во Јапонија, трета светска економија по големина, започна во последниот квартал на 2019 година, со пад од 1,8 проценти по што таквиот тренд продолжи и оваа година, со пад од 0,6 проценти во првиот квартал и со 8,2 проценти во вториот, според ревидираните податоци.

Растот на БДП во третиот квартал (јули-септември), главно беше поттикнат од потрошувачката на домаќинствата, што се намали во вториот квартал како последица на вонредната состојба во април и во мај во обид да се спречи ширењето на ковид-19.

Извозот, исто така, нагло скокна со олабавување или укинување на ограничувањата наметнати од повеќе земји во врска со новиот коронавирус. Сепак, инвестициите сè уште опаѓаат, а мотивацијата на јапонските претприемачи е мала.

Постои ризик јапонскиот економски раст да ослабне во четвртиот квартал, а враќањето на нивото пред вирусот може да трае три години, велат економските аналитичари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот