Зеленски: Ќе одговориме на секој руски напад – воено, политички и правно

Володимир Зеленски, претседател на Украина/Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украина ќе возврати на сите руски напади, изјави вечерва украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Изјавата доаѓа откако најмалку седум лица загинаа во напад со руски дрон во регионот на Киев и откако станбена зграда во градот Запорожје беше погодена од руски проектил.

– Одлучно ќе одговориме на сите напади на окупаторите врз нашите градови (..) Сите руски напади ќе добијат воен, политички и правен одговор, истакна Зеленски во своето секојдневно обраќање.

Претходно денеска, Зеленски ја посети линијата на фронтот во близина на градот Бахмут и се сретна со припадници на украинската војска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот