Зеленски: Ако Русите го освојат Бахмут, ќе бидам принуден да направам компромис со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека доколку Русите го освојат Бахмут, тој ќе биде принуден да направи компромис со Путин.
Тој предупредува дека ако Украина не победи во битката кај Бахмут, Русија би можела да започне да обезбедува меѓународна поддршка за договорот кој би можел да бара од Украина да направи неприфатливи компромиси. Тој, исто така, го покани лидерот на Кина да ја посети Украина. Џинпинг не разговрал со Зеленски од почетокот на на руската инвазија на Украина во февруари мината година, но Кина неодамна објави план од 12 точки за политичко решение за војната.
Доколку Бахмут падне во рацете на руските сили, нивниот претседател Владимир Путин „ќе ја продаде оваа победа на Западот, на своето општество, на Кина, на Иран“, рече Зеленски во ексклузивното интервју за Асошиетед прес.
„Ако почувствува малку крв – мириса дека сме слаби – ќе турка, ќе турка, ќе турка“.Нашето општество ќе се чувствува уморно. Нашето општество ќе ме принуди да направам компромис со него, рече Зеленски.
Бахмут е во центарот на повеќемесечните борби во источна Украина, а и Русија и Украина тврдат дека ѝ нанеле огромни загуби на другата страна. И покрај тоа што некои воени аналитичари сугерираат дека градот е стратешки незначаен, украинскиот претседател Владимир Зеленски призна дека поразот во градот може да го принуди на компромис со Владимир Путин.
Зеленски не предвиде како ќе заврши војната, но вели дека е убеден дека Украина ќе успее да постигне победа преку низа мали чекори. Тој, исто така, верува дека војната го направи украинското општество посилно.