„Зелени инвестиции“: Џонсон и Гејтс склучија договор вреден 552 милиони долари

Џонсон и Гејтс/ Фото EPA-EFE/HOLLIE ADAMS / POOL

Британскиот премиер Борис Џонсон најави партнерство со Бил Гејтс вредно 552 милиони долари, чија цел ќе биде да се поттикнат зелени инвестиции во Велика Британија, со ветување дека земја брзо ќе ја зголеми примената на чисти технологии, пишува Гардијан.

Владата во Лондон ќе се приклучи на програмата на Гејтс, која ќе го забрза развојот на зелената енергија со цел намалување на емисиите на јаглерод диоксид на нула до 2050 година. Џонсон го најави потегот на Глобалниот инвестициски самит.

Програмата на Гејтс се фокусира на четири технолошки сектори: зелен водород, долгорочно складирање енергија, одржливи авиогорива и системи за екстракција на јаглерод диоксид.

„Партнерството треба да ја зголеми визијата на Велика Британија за зелена индустриска револуција“, истакна Џонсон.

Тој додаде дека Лондон може да постигне амбициозни цели ако брзо се прилагоди на технологиите во области како што се зелениот водород и одржливите авиогорива, што до пред неколку години изгледаше невозможно.

Договорот беше постигнат само неколку недели пред светските лидери да пристигнат во Глазгов на глобални разговори за климата познати како ЦОП26. Џонсон за Блумберг њуз изјави дека разговорите ќе бидат „многу тешки”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот