Здружението на судии се надева дека Судскиот совет ќе бил водилка на судската независност

Судии судија судство
Илустрација: судија / Фото: Архива на „Слободен печат“

Се надеваме и очекуваме дека Судскиот совет ќе биде водилка, гарант на судската независност и самостојност, соопшти Управниот одбор на Здружението на судиите на РСМ по седницата на која расправале за актуелната состојба во судството, со акцент на последните случувања во Судскиот совет. Судиите донеле пет заклучоци, а во првиот заклучок наведуваат дека ги разгледале последните состојби во Судскиот совет, по што изразуваат надеж и очекување дека Советот ќе биде водилка на судската независност и самостојност, преку обезбедување на потребните услови за функционирање на судскиот систем и имплементирање на правните гаранции предвидени во националната и меѓународна регулатива, притоа манифестирајќи релевантен капацитет, сопствен интегритет и потполна самостојност и независност, одбивајќи ги сите евентуални влијанија и притисоци во неговото функциионирање и одлучување, низ еден кохезивен пристап и почитување на  законските процедури и практиките на доброто владеење како посебна и самостојна власт.

Понатаму, Управниот одбор на ЗСРСМ, повикува на единство, дијалог и почитување на евентуалните разлики во самиот Судски совет и целокупниот судски систем, не отфлајќи го плуралниот пристап и идејниот диверзитет во судската заедница, истовремено почитувајќи го различното мислење на другите власти и општата јавност и користејќи го истото како мотив за удвојување на напорите за докажување на реалната незавосност и самостојност.

– Здружението на судиите ги поттикнува сите судски чинители да вложат дополнителни напори и низ една транспарентна постапка да ги убедат граѓаните на РСМ и општата јавност, дека судскиот систем има капацитет, самостојно да ги надмине сите предизвици и евентуални слабости, било да се тоа системски или од времен карактер, притоа роководејќи се од насоките изразени во Извештајот за напредок на РСМ за 2022 година и Извештајот на Стејт департментот за 2022 година, за функционирањето на правосудниот систем во Република Северна Македонија – наведува здружението.

Здружението на судиите во четвртиот заклучок уште еднаш укажува дека независноста на судството е неопходно за обезбедување на непристрасна правда и поради тоа истата треба да биде подржана во нејзиниот индивидуален и институционален аспект, имајќи го предвид фактот дека различните државни власти овозможуваат функционалност на една демократска државата само доколку секоја пооделно се фокусира на своите надлежности, притоа исполнувајќи ги должностите кои произлегуваат од нивната уставна поставеност.

– Управниот одбор на Здружението на судиите апелира на достојна имплементација на последната Стратегија за реформа на правосудниот систем, во делот на поставеноста на Судскиот совет (полу-професионален состав), како стратешка определба која имаше за цел зголемување на неговата ефикасност, непосредност, односно неоддалечување од судиите како носители на судската власт – соопшти УО на Здружението на судии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот