Здрави афродизијаци: Пет намирници кои ќе разгорат оган во вашата спална соба

Сексуалната привлечност може да се зголеми со афродизијаци од храната, а одделни намирници можат да ја нагласат и желбата, така што ја подобруваат циркулацијата, намалувајќи го стресот и ослободувајќи го хормонот за среќа.

Меѓу двајца луѓе сексуалната привлечност или постои или не, но, доколку ја има, може да се зголеми со афродизијаци, и тоа со оние од храната.

На прво место е ѓумбирот, кој ја подобрува циркулацијата и функционирањето на крвотокот, па со самото тоа ја зголемува и сексуалната желба, како и црното чоколадо, кое покрај тоа го намалува и стресот и го ослободува хормонот на среќа.

Свежата краставица ја подобрува циркулацијата и присуството на крв во половите органи, па со самото тоа се зајакнува и либидото. Аспарагусот е богат со витаминот Е, кој ја нагласува сексуалната желба, како и авокадото.

Уште малку па на трпезата ќе дојде и лубеницата, чие ниво на афродизијак се споредува со она на „вијаграта“, а се поради тоа што поволно влијае на опуштањето на крвните садови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот