Збирката поезија „Манифест на каменот“ од Виктор Радун Теон е објавена на македонски јазик

Насловна корица на книгата

Книгата поезија со наслов „Манифест на каменот“ од Виктор Радун Теон е објавена во издание на Здружението за наука и култура „Нова“ од Битола. Препевот од српски на македонски јазик го направи м-р Мирјана Стојановска. Книгата првично е објавена во Белград, Србија, во 2020 година.

Авторот Виктор Радун Теон работи на Факултетот за применета екологија „Футура“ во Белград. Пишува поезија, проза, есеи и критики. Се занимава со филозофија и студии за иднината. Неговата поезија е преведена на шпански, руски, арапски, романски, македонски, словенечки и на бугарски јазик. Има објавено 11 книги, 67 научни и стручни трудови, педесетина есеи, литературни критики и прегледи, 7 учебници и превел преку 30 книги од англиски на српски јазик.

Книгата „Манифест на каменот“ е шеста книга поезија од Виктор Радун Теон. Книгата содржи вкупно 59 песни, поделени во 6 циклуси: „Јајцето на Еднорогот“, „Вавилонски водопади“, „Чудото на Фениксот“, „Крвта и розата“, „Змијата на Бурата“ и „Манифест на каменот“. „Манифест на каменот“ претставува финална книга во неговата хексалогија.

Сите шест поетски книги чинат едно неразделиво единство, единствен систем, како симбол на Универзумот во сета негова комплексност и циклично движење. Објавувањето на книгата е финансиски поддржано од Министерството за култура на РСМ.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 200, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 14-15.10.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот