Затворете ги школите и преминете на онлајн настава, апелира д-р Мехмедовиќ до властите

Д-р Злате Мехмедовиќ
Д-р Злате Мехмедовиќ / Фото: Скриншот/ТВ Сител

Д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствениот дом Скопје бара од здравстените власти да воведат онлајн настава за учениците поради ширењето на сојот омикрон.

-Има сериозна студија која што ја објави „Дискавери“, според која што хоспитализацијата кај повозрасните е намалена за 30%, но кога е во прашање омикрон, кај децата под 18-годишна возраст е зголемена за 20%. Тоа е сериозна бројка која што ни иницира дека треба сериозно да разгледаме за тоа да ги заштитиме младите и да не ги препуштаме толку лесно на вирусот и болеста и да сметаме дека лесно ќе поминат низ таа фаза на создавање имунитет. Онлајн настава е соодветно решение, вели Мехмедовиќ во својот апел даден во изјава за ТВ Сител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот