Затвореник од Идризово викендот го поминувал во бар во тетовско, приведен заедно со танчерките

Фото: Профимедиа

Ноќеска  во 01.05 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Тетово извршена е контрола во угостителски објект, во сопственост на А.М.(38) од Тетово, на локалниот пат за с.Сараќино, по пријава дека работел спротивно од Одлуката донесена од страна на Владата на РСМ, соопшти МВР.

При контролата било констатирано дека објектот е отворен и во него биле затекнати 7 гости, тројца вработени и 20 женски лица, од кои 18 странски државјанки од Русија, Србија, Украина и Албанија, кои го злоупотребиле туристичкиот престој, согласно чл.418/а од Кривичниот законик.

Странските државјанки се приведени во полициска станица за понатамошна постапка, а сопственикот А.М. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. При контролата е приведен и Б.Х.(25) од Скопје, кој издржува казна затвор во времетраење од 8 години и 6 месеци, а не се придржувал спрема решението за одмор во кругот на семејството издадено од затворот. Тој ќе биде спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Идризово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот