Застапниците за правата на абортусот маршираа низ центарот на Лос Анџелес

Активистка за право на абортус на простест во Мајами, Флорида / 1 јули 2022 / Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Стотици луѓе маршираа низ центарот на Лос Анџелес за да протестираат за поддршка на правата за абортус, јави ДПА.

Акцијата беше дел од вториот последователен викенд на демонстрации во Калифорнија, откако Врховниот суд на САД ја укина одлуката од 1973 година со која се легализираше абортусот во земјата.

Пред Федералниот суд, говорниците ја повикаа толпата да маршираат мирно за да го изразат своето незадоволство од укинувањето на 49-годишното федерално право на абортус.

Протестот беше организиран од филијалата во Јужна Калифорнија на „Станете за правата на абортусот” (Rise Up 4 Abortion Rights), која организираше и други слични настани. Таа повика на демонстрации и на националниот празник на САД – Денот на независноста, 4 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот