Засега не се планираат нови рестриктивни антиковид мерки

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Засега не планираме нови рестриктивни мерки поради тоа што сегашниот број на пациенти не ги оптоварува болниците, туку напротив тие се празнат и има се помалку хоспитализирани, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој рече дека секојдневно разговара со директорите на клиниките за случаите со ковид-19, кои се тешки и имаат смртен исход.

– Тешките случаи на механичка вентилација се на Инфективната клиника и во ГОБ „8 Септември”. Разговараме за пристапот за лекување, за дијагнозата. Многу мал број случаи после последните препораки, само оние најтешки случаи се поставуваат на механичка вентилација. Концептот во меѓувреме уште од почеток на кризата се смени. Едно време на почеток беше таа препорака за механичка вентилација, после за неинвазивна вентилација со што се опремени сите ковид-центри, посочи Филипче.

Во однос на соработката со Светската здравствена организација, министерот нагласи дека е во комуникација со регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

– Повеќе пати сме разговарале со оглед на тоа што ова бара една детална анализа и на ситуацијата со хроничните болести во нашата земја. Експертизата е добродојдена. Добро е и да слушнеме искуства од други земји и од нив како експерти за да дознаеме што повеќе, додаде Филипче.

Извор: МИА

Филипче: Трета доза може да примат сите граѓани без разлика на возраста и хроничните заболувања

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот