ЗАРАДИ КРИТИКИ КОН ЕРДОГАН: Новинар претепан крвнички со безбол палки (ФОТО)

Новинарот Јавуз Селим Демираг, кој пишувал критички за владата на претседателот на Турција , Реџеп Таип Ердоган бил крвнички претепан со безбол палки.

Новинарот е пренесен со тешки повреди во болница и има скршеници и подливи по целото тело. Неговиот весник Јеничаг објави фотографија од крвавото лице на новинарот, кој бил нападнат во Истанбул од група од петмина или шестмина непознати лица вооружени со безбол палки.

Причината не е позната, но се претпоставува дека има врска со критичките написи на новинарот во врска со повторувањето на изборите во Истанбул, што се одржаа на 31 март, а по одлука на Врховната изборна комисија и по жалбата на партијата на Ердоган, АКП, се презакажани и ќе се гласа повторно во Истанбул на 23 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот