Започна реализацијата на големиот проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“ започнаа со реализација на голема кампања „Биди ИНклузивен“. Кампањата има за цел да ја подигне свеста кај населението за важноста на инклузивното образование и вклученоста на децата со попреченост во редовната настава.

Во рамки на кампањата „Биди ИНклузивен“ изработени се три видеа, каде познати личности од сферата на спортот, филмот и музиката упатуваат пораки за поголема инклузија и за прифаќање и почитување на различностите.

Меѓу познатите личности кои учествуваа во оваа кампања беа: Милчо Манчевски, Кирил Лазаров, Андријана Јаневска, Влатко Лозановски – Лозано, Стојанче Стоилов, Амернис Нокшиќи, Кирил Џајковски и многу други.

Трите видеа може да се погледнат на следните линкови:

Македонски:

1 – https://youtu.be/zzV5JXLQrhw

2 – https://youtu.be/CYac-92WQrI

3 – https://youtu.be/ZYOMYJE9GVo

Албански:

1 – https://youtu.be/kZvamSvWLt4

2 – https://youtu.be/JFKPzYZI3h0

3 – https://youtu.be/ZdMfcPh1AX4

Оваа кампања се реализира во рамки на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, кој е финансиски поддржан од Европската Унија и има за цел да обезбеди целосна и рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот