Запленета марихуана во струшкото село Радожда

Марихуана /Фото: Профимедиа

Како резултат на преземени мерки и активности од страна на Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро” во соработка со Одделението за прекуграничен криминал   при Регионалниот центар за гранични работи Запад на 03.03.2021 околу 21.00 часот на влезот на село Радожда, струшко, на брегот на езерото било спречено криумчарење на марихуана.

Пронајдената марихуана била пренесена од Република Албанија и била наменета за продажба во Република Северна Македонија. По расчистување и документирање на случајот, по насоки на Основнот јавно обвинителство Струга ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсорси” по член 215 од Кривичниот законик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот