Запалени контејнери синоќа на три места во Карпош

Фото: илустрација / Драган Митрески / Слободен печат

Непознати сторители вчера запалиле контејнери за ѓубре на три локации во скопската населба Карпош, соопшти МВР.

„На 19.04.2023 во 20.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на три локации на булеварот „Партизански одреди”, во близина на маркет и бензинска пумпа, и на улицата „Вич” кај маркет на подрачјето на Карпош, настанал пожар во контејнери за смет, сопственост на Комунална хигиена – Скопје“, велат од полицијата.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот