Законот за рестриктивни мерки заглавен меѓу политичките препукувања

Фото: МИА

Проширувањето на црната листа на САД повторно ја отвори темата за Законот за рестриктивни мерки кој предвидува сите оние кои се на црната листа на САД да имаат забрана да учествуваат на тендери, да извршпуваат јавни функции…

Откако вчера имињата на Стевче Јакимовски и Катица Јанева на црната листа на САД, се актуелизираше темата до каде е процедурата за овој закон.

Имено, Законот се уште ги нема поминато комисиските филтри на Комисијата за надворешна политика и Законодавно-правната комисија.

Претходно претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски порача законот за рестриктивни мерки да биде пуштен час поскоро во собраниска процедура а ВМРО-ДПМНЕ да не го блокира.

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ пак со контра напад. Прашуваат зошто владата која до сега ја предводеше Ковачевски не иницирала отварање на истраги токму против лицата кои се најдоа на оваа листа. Пратеникот Антонио Милошоски се повика на Законот за меѓународна соработка во кривичната материја. Според Милошоски, овој закон овозможува формирање на заеднички истражни тимови за истражување и гонење на кривични дела, а договорот за заеднички истражен тим го склучува државниот обвинител на Македонија.

Законот за рестриктивни мерки беше предложен од страна на Министерството за надворешни работи и предизвика голема поларизација кај политичките партии. За овој закон поддршка дојде од Стејт депарментот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот