Закон за евтаназија во германскиот парламент: Се бара мислење од двајца лекари

Фото: helsinki.fi

Членовите на германскиот парламент денеска предложија закон со кој би се овозможила евтаназија на смртно болните возрасни лица по добивање на професионален совет.

Според нацрт верзијата што беше претставена во Бундестагот од пратеници на социјалдемократите (СПД), кои се дел од владеачката коалиција, како и опозициската ФДП и левичарската „Линке“, пациентите кои ќе сакаат да добијат смртоносен натриум-пентобарбитален лек, ќе мора да докажат дека нивната желба е трајна и оти никој не вршел притисок при носење на одлуката, пренесува „Ројтерс“.

– Секој кој е во состојба да донесе одлука за себе, исто така би требало да може да одлучи кога сака да почине, истакна Катрин Хелнг-Плар, членка на либералните Слободни демократи (ФДП).

Членовите, пак, на опозициската партија „Зелени“ изготвија посебен нацрт закон според кој ќе се бара мислење на двајца лекари пред пациентите да можат да добијат рецепт за натриум-пентобабритал.

Врховниот суд на Германија лани го отфрли како неуставен законот за забрана на самоубиство при професионална помош. Евтаназијата е особено чувствителна во Германија поради наследство од нацистите кои убија околу 300.000 лица со инвалидитет и психички болести во рамки на нивната програма „евтаназија 2“, пренесува „Ројтерс“.

Само неколку земји во светот ја легализираа евтаназијата. Долниот дом на шпанскиот парламент во декември одобри закон со кој се овозможува на сериозно болните лица да одлучат да го завршат својот живот.

Португалските пратеници, согласно најавата, до крајот на денот би требале да гласаат за конечно одобрување на законот со кој се декриминализираат евтаназијата и потпомогнато самоубиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот