Загрижувачка ситуацијата во Србија: Нови 383 случаи на коронавирус, 13 лица починаа

Во последните 24 часа во Србија на коронавирус се тестирани 9.183 лица, 383 биле позитивни, а починати се 13 лица, додека на респиратор се наоѓаат 177 пациенти.

Во Србија од утре на сила ќе бидат нови рестриктивни мерки со цел спречување на ширењето на коронавирусот.

На територијата на цела држава ќе биде задолжително носењето на маски во затворен простор, а во некои ситуации и на отворено. Исто така, ќе бидат забранети собири со повеќе од десет луѓе на отворено и на затворено, како и организирање на различни културни, спортски или политички манифестации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот