Загреб, семафор за пешаците кои не креваат глава од телефон

Во рамки на кампањата „Ден без мобилни телефони во сообраќајот”, во Загреб е поставен нов вид на семафор, кој фрла светлина веднаш пред пешачкиот премин, за црвеното светло да го видат и оние пешаци и велосипедисти кои се приближиле до крстосницата, но се фокусирани на своите телефони.

Овој вид семафори е инсталиран првпат во Хрватска, а целта на овој пилот-проект е да ги предупреди и пешаците и велосипедисти за опасностите на кои се изложуваат.

Според истражувањето, дури 50 отсто од пешаците и 33 отсто од велосипедистите користат мобилни телефони додека преминуваат улица, а 20 отсто од нив не забележуваат дека на семафорите се вклучило црвено светло, бидејќи нивните погледи и размислувања се насочени кон екраните на нивните телефони. јавува Хина.

Семафорот првенствено има функција за предупредување.

Кога на пешачки премин ќе се појави црвено светло, тој го проектира на тротоарот, така што црвено светло се проектира на екраните на телефонот во кој гледаат пешаците, наместо да ги следат настаните околу себе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот