Загорка Поп-Антоска Андовска: „Медена земја“ створи надеж кај сите нас дека секој што работи чесно и со љубов може да успее

Вчера, во кафулето „Котур“, се одржа филмска вечер, во организација на центарот „Данаил Станојески“ (академијата за филм „Даста“). Беа прикажани шест филма во продукција на „Даста“ на нови автори, и тоа: „Мојот татко“ и „13 мај“ на Ирма Башеска Ристовска, „Да се биде Максут“ на Нихал Бејадин, „Кукачот“ и „Ама јас те сакам“ на Загорка Поп-Антоска Андовска и „Услов“ на Даниел Шикоски. Најголемиот дел од овие филмови е продукт на мастерклас-програмата на Владимир Блажевски, со соработникот на сценариото Дејан Дуковски.

„Секогаш е убава прилика публиката уште еднаш да ги види делата на една група млади автории, кои практично во склоп на програмата на професорот Владимир Блажевски имаат прилика да ги реализираат своите дела“, изјави за Утрински брифинг на „Слободна ТВ“, Загорка Поп-Антовска Андовска, продуцент.

Таа вели дека успехот на „Медена земја“ створил надеж кај ситедека секој што работи чесно и со љубов може да успее. „Во културата е многу тешко, никогаш парите не се доволни и сметам дека фондовите мора да бидат поголеми за да се даде шанса на секој. Доколку тоа навреме не се направи, талентот згаснува“, вели Поп-Антовска Андовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот