Загадувањето на воздухот во Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица ги активираше мерките и препораките за заштита

скопје магла
Магла во Скопје / Фото: МИА

Поради надминување на нивото на загадување, односно на присуство на ПМ 10 честичките во воздухот, денеска стапуваат во сила мерките и препораките за заштита од загадувањето во Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица, затоа што во текот на два последувателни дена е надминато дозволеното ниво.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање посочуваат дека во Скопје е забележано надминување на вредноста од 150 mg/m3 на мерните места во Центар и Лисиче, а поради проблеми со мрежните системи на МЖСПП и инсталација на нова серверска опрема не се достапни податоци од мерните места: Тетово и Гевгелија.

Препораките кои стапуваат на сила се следните:

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство се должни да:
– Препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.

-Препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот.

-Препорачаат да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.
– Обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

Владата на Република Македонија:

-Да ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила.

– Да обезбеди ограничување на работите на градежните објекти

Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа:

– Да обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници.

– Да дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.

Министерството за здравство:
–  да ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува Информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето.

Државниот инспекторат за животна средина:
–  Да започне со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух.

Министерството за животна средина и просторно планирање ќе подготви и достави:
– Препорака до Инсталациите коишто поседуваат А – ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50 %) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија.

Општините се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на Советите на општините

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот