Заев: За сè ќе си одговара Груевски

Верувам дека на сите обвинети во „Таргет-Тврдина“, меѓу нив Сашо Мијалков, Никол Груевски, двајцата избегани во Грција и на останатите обвинети им е јасно дека се виновни. Тоа им е јасно и на децата. Јасно е кој прислушкувал, тоа е УБК. Мора да има казна за ова дело, изјави премиерот Зоран Заев по завршувањето на денешното рочиште за „Таргет-Твтдина“.

– Жив и здрав дочекав да се докажеме кој стои зад ова дело. Иако за масовното прислушкување пријавивме во ОЈО, обвинителите во тоа време наместо да истражуваат се ставиле во функција на извршната власт за да можат нас да не малтретираат. Потврдувам дека УБК и Мијалков се виновни, а злобата доаѓала од консументот Никола Груевски. Сите тие го прекршиле законот. Еден ден ќе се врати Груевски и ќе одговара за се – рече премиерот Заев.

Запрашан дали има доверба во ДУИ и во нејзиниот лидер, Заев рече:

– Со ДУИ имаме добра коалиција која се базира врз Програма. Јас му верувам на Али Ахмети. Оваа наша коалиција реши низа проблеми и е многу транспаретна. Таа има одлична иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот