Заев: Вкупната штета во МНТ е 3.965 евра

Фото: Фејсбук

Поголема штета од материјалната е духовната штета, бидејќи националниот театар е отворен за сите, но се знае под какви услови. Од духовната штета треба да произнесе одговорноста, рече премиерот Заев на денешните пратенички прашања за направената штета во МНТ од страна на „Шверцерите“.

– Столици, наслони, откорнат тапацир 5 парчиња, ногарки 155 парчиња, вкупна штета 3.000. Плус парапет на прва галерија и украсни лајсни 10 метра, 240 евра. Орнаментни бордури, 200 евра, пет искршени подни светилки, теписони, дупки од отпушоци, 400 евра. Вкупната штета е 3.965 евра. Не смеат ниту материјалните ниту духоднивте добра да бидат допрени, оштетени или омаловажени. Во таа сала сакаме да видиме култура, уметност. Ќе се утврдат поединечните одговорности – рече Заев.

Магдалена Манаскова од ВМРО-ДПМНЕ која го постави прашањето за штетата и за тоа кој ќе понесе одговорност, по добиенотио одговор од премиерот, констатираше дека, ако е точна материјалната штета, тоа значи дека не се во право членовите во Владата Бујар Османи и за образование Арбр Адеми дека Денот на албанската азбука бил само гласно славен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот