Заев: Со вистината ќе се бориме против лажните вести

фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Премиерот на Македонија, Зоран Заев во Србија во бројни тамошни таблоиди периодов беше поврзан со случајот „Рекет“, предмет кој предизвика големо внимание и во двете земји.

Во Србија известуваа за овој предмет, најавувајќи од „неименувани“ извор дека политичката кариера на Заев е при крај. На прашањето, како ваквите информации може да влијаат на односите меѓу двете земји, премиерот Заев на денешната заедничка прес конференција со колешката од Србија Ана Брнабиќ, посочи:

– Нашата земја, нашата Влада и јас како претседател на неа сме стопроцентно определени на градење на добри билатерални односи кои од секогаш биле добри и обврска ни е тие да растат. Сигурно нема да дозволиме одредени лажни вести, посебни медиуми, кои со одредена цел веројатно, да ги нарушат тие односи. Како на сите, така и на мене, тешко ми паѓа кога ги гледам лагите и невистините, па се обидуваме со вистината да одговориме на истите. Целиот свет има проблем со лажните вести, па поради тоа ќе мораме да најдеме институционални решенија за борба со истите. Кај нас започна да се прави регистар на портали и слично кои пласираат лажни вести, но најсериозна алатка за борба против истите била вистината – истакна Заев.

БОНУС ВИДЕО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот