Заев: Шпанија многу бргу ќе го ратификува протоколот за НАТО

Земјава ќе стане членка на НАТО до крајот на јануари, кажа синоќа премиерот Зоран Заев, на партиската трибина „На прав пат“, на СДСМ во Велес. Тој вели дека разговарал со шпанскиот премиер Педро Санчес, кој му кажал дека брзо ќе формира влада по вонредните парламентарни избори на 10 ноември.

– Вчера имав прилика да зборувам со шпанскиот премиер. Шпанија бргу ќе формира Влада. Ќе имаме ратификација за НАТО која ја очекуваме. На крајот на ноември Франција исто така ќе го ратификува во парламентот, оти веќе сенатот заврши. Така сите земји ќе ги ратификуваат протоколите. Верувам дека во јануари, на свечен начин, македонскиот парламент ќе на направи последната ратификација, како 30. земја членка. Со тоа ќе станеме земја членка на НАТО“, кажа Заев од говорницата во Велес.

Шпанија и Франција останаа последни од 29-те земји членки на НАТО кои треба да го ратификуваат Пристапниот протокол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот