Заев: Рано е уште да се разговара за технички премиер, Владата е насочена на економските реформи

Рано е уште да се разговара за технички премиер и министри, во овој период Владата е насочена да го одржи темпото на економските реформи, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на Конференција на Светската царинска организација – ПИКАРД што се одржува денеска во Скопје.

– Рано е уште. Владата е насочена и во овој период да го одржи темпото на економските реформи што се случуваат во државата. Знаете дека имаме таргет од четири отсто, иако е проектиран во Буџетот на 3,5 отсто. Имаме цел да ги оствариме ваквите таргети со остварување на 4,1 отсто раст, а тоа значи многу нови работни места, многу нови инвестиции во државата, зголемен извоз и зголемен економски стандард на граѓаните- рече Заев.

Прашан дали ако победат на изборите повторно ќе биде премиер, Заев рече дека побарал нов чист мандат за да може да ги продолжат реформите.

Рече дека нема информации за тврдењата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оти некоја од партиите од владејачката коалиција разговараат за преоѓање во опозицискиот блок. Посочи дека секоја партија е независна во својата определба, но очекува валдејачката коалиција дополнително да се зголемува.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот