Заев: После 20 години, прашањата од Охридскиот договор се целосно спроведени, нема веќе изговори

Зоран Заев / Фото: СДСМ

Народе мој, видовте како работи Влада која не ги дели луѓето. После 20 години, прашањата од Охридскиот договор се целосно спроведени. Нема веќе изговори. Доста беше „повеќе за оваа страна, помалку за другата страна”. Се гради секаде, силно, од двете страни на Вардар. А над Вардар градиме мостови, ваши, наши, на сите, заеднички. Нема повеќе злоупотреба на етничките односи заради дневна партиска политика, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук профил.

– Сега ни останува само едно: заеднички да работиме за децата да ни останат овде, да живеат овде и да работат и просперираат тука, во својата земја. Тоа значи да се обединиме и заедно да сработиме за повеќе работни места, за почиста животна средина, за квалитетни услуги за секој човек, за повеќе пари во секое семејство. За подобар живот, порача премиерот Заев.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот