Заев: Не смееме да дозволиме да испратиме порака дека за нас постои алтернативно решение, освен полноправното членство во ЕУ

Ние не смееме да си дозволиме да испратиме порака дека за нас постои алтернативно решение, освен полноправното членство во ЕУ, истакна вечерва претседателот на Владата, Зоран Заев.

– Патот кон членството, низ преговорите, низ поглавјата е, всушност, тоа што нам ни треба – европеизација дома. Некој ќе рече дека не ни треба ЕУ за да се европеизираме, ама не е така. Ни треба во голем дел и тоа најдобро се гледа низ примерот на источноевропските земји. И на нив можело да се каже дека не им требала ЕУ за да се европеизираат, ама изодувањето на европскиот пат бил усовршување, чекирање на поглавјата од „акито”, адаптирање на законодавството на ЕУ и европските пракси, потенцираше Заев во гостувањето во емисијата „Трилинг” на ТВ 24.

Заев нагласи дека членството во ЕУ останува силна аспирација за огромен процент на нашите граѓани за кои за повеќе од 75 отсто ЕУ нема алтернатива.

– Ние со ЕУ имаме 1 отсто царина, ние сме во европскиот пазар. Ако ги подигнеме и имплементираме европските стандарди дома, ние ќе бидеме комплетно дел од тој заеднички европски пазар и затоа Европската економска заедница не е алтернатива за нашето членство во ЕУ. Само од нас зависи колку ќе ги кренеме нашите перформанси дома. Ги намаливме царинските давачки за ЕУ согласно Договорот за стабилизација и асоцијација и Светската трговска организација, и сето тоа не прави ние да бидеме веќе внатре. Ние сме во голема мерка во европскиот пазар, истакна премиерот Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот