Заев: Нашите очи се фокусирани на октомври

Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Нашите очи се фокусирани на октомври очекуваме ЕУ да го одржи зборот и тогаш да ни даде датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, рече премиерот Зоран Заев по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан. Заев смета дека земјава заслужува да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ поради тоа што изминатите две години напорно работела на таа цел. Уверен е дека во октомври конечно по 15 години ќе го добие долгоочекуваниот датум за преговори.

– ЕУ лани во јуни даде четири конкретни цели за нашата земја, а тоа е правосудството, борба против криминалната корупција, реформата во безбедносните служби и реформата во јавната администација. Со извештајот од 29 мај оваа година тоа беше потврдено стопроцентно во делот на исполнувањето. На основа на тој извештај ЕУ носи одлука. Одлуката беше одложена за октомври од технички причини заради европските избори – рече Заев.

Останува, додаде, еден период од јуни до октокмври кој е празен период во делот на оценувањето, но, како што потенцира, земјата треба да продолжи да работи на владеење на правото.

-Се разбира нам ни останува до октомври со искрена и чесна посветеност да ги заокуржиме реформските процеси иако не се бара од нас да продолжиме со исто темпо, со иста динамика особено во завршниците на реформите на правосудниот систем, со новиот Предлог-закон за ЈО за да се поставиме на есен како земја која ги затоврила сите прашња за добивање на  ветениот датум за старт на преговорите, рече премиерот.

Тој, како што истакна, му порачал на Хан дека во октомври очекуваме ЕУ да си го одржи зборот и да објави дека земјата може да ги отпочне преговорите по поглавјата за членство во ЕУ.

– На тој начин ќе биде потврдено не самата наша желба и очекување, туку и она што е запишано во Извештајот на ЕК за оваа година дека РСМ е блескав пример како и во заклучокот на Советот за општи работи на ЕУ во Луксембург дека поради ограниченото време и важноста на прашањето Советот ќе се врати на него со јасна и суштинска одлука што е можно поскоро, но не подоцна од октомври 2019 година  – рече Заев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот