27.8 C
Скопје

Заев: Наместо на барок, споменици и криминални тендери, парите ги насочивме кон граѓаните

Со доаѓањето на власт и реализирањето на проектот „Парите назад кај граѓаните“, започна ново, светло поглавје во македонската историја. Наместо на барок, споменици и криминални тендери парите ги насочивме кон проекти важни за граѓаните, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев во воведното обраќање на 26. конгрес на партијата.

– Ја зголемивме минималната плата од 9 000 на 14 500 денари, а денес таа изнесува 15 200 денари. Платите почнаа да растат во сите сектори, просечната плата константно расте до денеска и стигна до над 28 000 денари. Ги покачивме пензиите, ја зголемивме социјалната помош за 300%, го решивме проблемот со стечајците, а невработеноста ја намаливме на рекордно најниски стапки од независноста до сега, потенцираше премиерот Заев.

Тој додаде дека помеѓу првите проекти биле и укинувањето на радиодифузната такса, воведувањето на евтината дневна тарифа на срујата, како и повратот на ДДВ за физичките лица.

– Земјоделието и земјоделците ги поддржавме со рекордно највисоки 429 милиони евра. Немало подобри откупни цени и немало повисоки субвенции до сега. Изградивме и обновивме преку 500 километри патишта. Обезбедивме историски највисок износ од 950 милиони евра странски инвестиции во 2018 и 2019 година. Но, во исто време силно ги поддржавме и домашните инвеститори со над 100 милиони евра државна помош, кажа Заев.

Лидерот на СДСМ потенцираше дека проектот „Парите назад кај граѓаните“ ја прави суштинска разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи претходно, цели 11 години парите завршуваа кај неколкумина во власта, во барок, споменици и криминални тендери.

Поврзани вести

Гебрејесус: Очекувам Гвинеја да прогласи крај на епидемијата на ебола

Катерина Стевовска

Штипјанец пронајден мртов во близина на селото Чардаклија

Слободен печат

Приведен дилер од Битола, пронајдени кокаин и марихуана

Слободен печат

Генералното собрание на ОН му изгласа втор мандат на Гутереш

Слободен печат

ВИДЕО | Невреме во Русија: За шест часа паднал дожд како за месец дена – сѐ е под вода

Слободен печат

Намалено ДДВ за 30 отсто на пет грчки острови погодени од бегалските и мигрантските бранови

Слободен печат

Остави Коментар