Заев: Има извори за дополнителни приходи во буџетот

Дополнителни извори на приходи во буџетот може да се обезбедат и од некои неефикасни државни компании и ресурси, преку јавно-приватни партнерства, концесии и слично, за што веќе имало интерес и се објавувало и пред кризата, рече премиерот Зоран Заев, посочувајќи ги државните Железници-Транспорт, Македонска пошта, Еурокомпозит, Тутунскиот комбинат-Прилеп, ресурсот Попова Шапка, Ливадиште, ТЕЦ Неготино.

-Тоа може да биде 100 отсто, може да биде јавно приватно партнерство, државата да остане еден дел, дури и под концесија да се даде итн. Тоа е досега неефикасен ресурс во рацете на државата и треба да се стави во функција, рече Заев.

Не се само приходите што би се добиле, туку доминантно, рече,  заради тоа што се очекува да се зголемат и перформансите на нивното работење со влез на приватен капитал. Како пример ја посочи Македонска пошта  која, посочи, не го држи трендот дури ни на регионот, а не на европските пошти.

-Заинтересирани имаме веќе од Австрија, Словенија, Романија, Чешка и сл. Имаме заинтересираност од земји на Вишеградската група да инвестираат во такви дејности. Но, имаме пример од познати компании од Швајцарија, Италија, Австрија за скијачки центри како што е Попова Шапка. Во Косово испорачавме понуда да влеземе заедно со Брезовица од нивна страна за да биде попримамлива. Генерално се позитивни и верувам дека можеби и заедно да одиме. Ливадиште во струшкиот дел е нешто што е навистина 100 отсто сопственост на ЕСМ, ама не го користиме како ресурс, рече премиерот.

Од  нив, рече, може да се обзебедат и квалитетни приходи. Тие се чекаат и од продажбата на земјоделското земјиште. Анализата покажува дека земјоделското земјиште по пазарни цени што е во државна сопственост, рече Заев, вреди повеќе од две милијарди евра. Од тоа се очекувамат 200 до 300 милиони евра во 2021, 2022 и 2023 година.

Приходи се очекуваат и од внесување на кеш парите коишто се надвор од системот. Тоа значи дека се што не е кривично гонето или под истрага да може со плаќање на данок да се внесе во систем, додаде премиерот.

Дополнителна мерка е легализацијата на возилата со странски таблички. Проценката е дека тоа може да донесе помеѓу 20 и 40 милиони евра приход на државата.

Заев рече дека се отвораат и авангардни дебати за декриминализација и легализација на марихуаната, за проекти од енергетиката и штедење на енергијата

Најави и намалување на даночната евазија, која според ММФ е 37 отсто што значи дека се губат милијарда и 400 милиони евра кои можат да се внесат во буџетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот