Заев: Илинден не треба да го оставиме во минатото, со него треба да живееме во иднината

Скриншот

Денеска премиерот Зоран Заев во својот говор од Пелинце, каде тој ја предводеше владината делегација во одбележувањето на 118 години Крушевската Република и 77 години од Првото заседание на АСНОМ, говореше за континуитетот на дефинирањето на македонската држава и за неговото продолжување за градење на вредностите и принципите утврдени на Илинден 1903 и на АСНОМ 1944.

„И, да, народе мој – Третиот Илинден. Третиот Илинден е нашиот континуитет во афирмацијата на вредностите на која е изградена нашата држава и кои светот ги прифати како наша специфика и идентитет според кој Северна Македонија денеска се препознава во светот“ порача денеска премиерот Зоран Заев.

„Третиот Илинден е бесконечноста на нашиот стремеж кон нашата иднина. Затоа нашиот Илинден не е завршен и нема да заврши. Ние го живееме нашиот Илинден.  На нашата и на идните генерации останува да го одржуваме и да го шириме пламенот на Илинден, огнот што го распламтија плејада македонски просветители, учебникари, револуционери, комити и партизани, граматичари и писатели, како и истакнати видни дејци и припадници на другите народи во нашата земја“ истакна Заев.

Тој потенцираше дека Илинден не треба да го оставиме во историјата, туку да го живееме и да го носиме неговиот пламен во иднината, каде што припаѓаме.

„Илинден не е врзан за ниту една идеологија. Ги надминува границите на кој било временски период. Илинден е постојан процес кодиран во духот на Македонците, на Албанците, Ромите, Србите, Турците, Власите, Бошњаците и на сите народи кои живеат, творат и се борат за подобро иднина во нашата татковина, во нашиот дом“ порача премиерот.

„Оваа година одбележуваме три децении од независноста со единствената желба – нека е вековита и да го чуваме и негуваме и тој историски настан како скапоцен дел од нашиот државен континуитет, државниот континуитет како наш трет Илинден“ порача Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот