Заев и Ахмети дискутираат за кадровските промени во Владата

Фото: МИА

Во Владата на Република Северна Македонија моментално се одржува средбата меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети, на која станува збор за најавените промени во Владата.

Премиерот денеска најави дека како коалициски партнери ќе разговараат за кадровски промени во извршната власт.

– Иако симболиката дојде од зборот „метла”, сепак, се работи за луѓе професионалци. Зборуваме за ароганција, за неисполнување на очекувањата од одредени институции и зборуваме за немукаетност или неможност да се постигнат очекуваните цели кои граѓаните ги очекувале. Значи зборуваме за личности, не зборуваме за припадници на политички партии или професионалци кои се во Владата. Сите оние кои покажале слабост од ваков карактер вредно е да се размислува да бидат променети со други луѓе – изјави денеска Заев по дебатата за нацрт текстот на Националната стратегија за развој на коцептот за едно општество и мултикултурализам.

[ReviewDisclaimer]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот