Заев: Државата е вратена на народот, никогаш повеќе нема да се врати во режим! (ВИДЕО)

Се поклонувам пред Штип и штипјани и заради делото на Киро Глигоров и заради сите славни штипјани кои се вградиле во нашата историја, Штип повторно победува, порача вечерва во Штип на граѓанска трибина, претседателот на СДСМ Зоран Заев.

-Денеска пред вас сум јас, Зоран Заев Македонецот, кој ви се поклонувам вам, штипјани, Македонци на македонски јазик, признаен од целиот свет, со сочуван македонски идентитет. Денес ја имаме нашата држава, Северна Македонија, држава признаена од целиот свет, со тапија, со имотен лист во светот- истакна Заев.

Тој додаде дека од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ нема ништо освен лажен патриотизам, кој денес е целосно разобличен и од реалноста и од граѓаните.

-ВМРО-ДПМНЕ велат, да си ја врателе државата. Од кој ќе ја вратат? Од народот? Државата е вратена на народот, никогаш повеќе нема да се врати во режим!- порача претседателот Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот