Забранета храна, пијалоци, оружје и дрога: Детално ќе се претресува на концертите на Александра Пријовиќ

Фото: Инстаграм/ Aleksandra Prijovic

Српската пејачка Александра Пријовиќ со денови е актуелна поради распродадените пет концерти во загрепската Арена, и најавениот трет концерт во Сараево.

Организаторите на концертот на Александра во сараевска „Зетра“ најавија строги правила, а на самиот влез ќе се врши детален претрес.

Организаторите најавија дека на влезот ќе се врши детален претрес на посетителите и дека е строго забрането внесување храна, пијалоци, оружје, какви било опијати, како и други опасни материи и предмети. Со оглед на овие мерки, очигледно е дека безбедноста на концертот е на прво место за организаторите.

Инаку, концертите на Александра Пријовиќ закажани за 28 и 29 октомври се распродадени, а продажбата на билетите за третиот концерт е во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот