„За татковината со љубов“: Пешевски и Миновски во советодавниот тим на Фатмир Битиќи?

Поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и екс-министерот за финансии во владата на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Миновски се меѓу советниците на заменик на претседателот на актуелниот владин кабинет задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, објави Телма.

За време на вечерашното гостување на „Топ Тема“, Битиќи беше запрашан дали Пешевски и Миновски се дел од неформалниот советодавен тим наречен „За татковината со љубов“ на што дипломатски одговори дека „таму е секој што си ја сака татковината“.

На тоа следуваше заклучок од водителката Наташа Стојановска дека таквиот одговор ќе го сфати како потврда што Битичи не демантираше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот