За „скромни“ 250 милиони долари: Стинг го продаде целиот свој музички каталог

Стинг
Стинг / Фото: EPA-EFE/DAVID BORRAT

Британскиот пејач Стинг го продаде целиот свој музички каталог на „Universal Music Publishing Group“, соопштија од компанијата.

„’Universal Music Publishing Group‘, водечкиот оддел за музичко издаваштво на ’Universal Music Group‘, денеска го спроведе купувањето на музичкиот каталог на Стинг“, се вели во соопштението.

Компанијата ќе ги стекне правата за сите соло проекти на Стинг, вклучувајќи го и неговиот последен албум „The Bridge“, како и целата негова музика снимена со групата „Police“. Според „New York Times“, договорот вреди 250 милиони долари.

„Мило ми е што ’Universal Music Publishing Group‘ ќе управува со мојот каталог од песни. Важно ми е целата моја работа да биде ценета и почитувана, и така, не само да се поврзам со долгогодишните обожаватели на нов начин, туку и да ги презентирам песните на идните генерации“, објави Стинг на неговата официјална страница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот