За подобар сон: Шест намирници кои ќе ви помогнат полесно да заспиете

спиење
Фото: Pexel/ Andrea Piacquadio

Мелатонин, хормонот одговорен за квалитетот на нашиот сон, опаѓа со текот на годините. Но, постојат начини да се регулира и без суплементи, туку со храна, пишува „Ординација.хр“.

Недостатокот на сон лошо влијае на здравјето. Може да ја наруши концентрацијата, хормоните на гладот, што значи дека ќе јадеме повеќе и може да ја зголеми отпорноста на инсулин. Луѓето со одложено нарушување на спиење, често остануваат будни до раните утрински часови и спијат до околу пладне. Во тој случај, мелатонинот може да им помогне да одржат понормален режим на спиење.

Не постои специфична препорачана дневна колична за внес на мелатонин, но некои експерти препорачуваат околу 0,5 до 3 милиграми доколку имате проблемии со спиењето. Но, повисоките дози може да предизвикаат поспаност во текот на денот.

Иако информациите за храната не вклучуваат колку мелатонин содржат, експертите ги наведоа овие шест како квалитетен извор.

Цреша

Познато е дека нивниот сок помага во квалитетот на сонот. Научниците откриле дека го зголемува нивото на мелатонин во телото, но имајте на ум дека сокот содржи многу шеќер. Подобар начин е да јадете цреши.

Гоџи бобинки

Се произведуваат од растение кое потекнува од Кина, а веќе се познати по нивниот ефект против стареење. Поради мелатонинот што го содржат, можат да помогнат и во регулирањето на сонот.

Јајца

Тие се најдобриот извор на овој хормон од сите животински извори. Патем, тие се и многу хранливи и содржат протеини, железо и многу други есенцијални хранливи материи.

Млеко

Топлото млеко е традиционален „лек“ за несоница, но тоа не се само во приказните. Навистина е богато со мелатонин.

Риба

Тоа е подобар извор на мелатонин од месото. Најдобрата храна се лососот и сардините, кои исто така ви обезбедуваат омега-3 масни киселини.

Јаткасти плодови

Повеќето од нив се богати со ова соединение, а најмногу го има во ф’стаците и бадемите. Тие се и одличен извор на бројни антиоксиданси и минерали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот