За 24 часа во Србија примени 227 пациенти со пневмонија, здравствените работници загрижени

Фото: МИА

Милошевиќ додаде дека здравствените работници се загрижени и поради огромниот прилив во болниците низ цела Србија.

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар денеска изјави дека во рок од 24 часа на болничко лекување биле примени 227 пациенти со пневмонија.

Тој за ТВ Пинк изјави дека во моментов во Србија има околу 4.000 пациенти кои се позитивни на Ковид-19 или имаат симптоми на коронавирусот, и се чекаат резултати.

Како дел од новите мерки во Тутин, Сјеница и Нови Пазар, српската армија ќе ги дезинфицира улиците и здравствените установи.

Во меѓувреме, заменик-директорката на Клиниката за инфективни и тропски болести на Клиничкиот центар на Србија, Ивана Милошевиќ изјави дека во болниците низ Белград во последните 24 часа биле примени 144 пациенти, и додаде дека здравствените работници за првпат се сериозно загрижени.

Таа за РТС изјави дека биле во последните 24 часа биле прегледани 320 пациенти, а во текот на ноќта околу 100.

Милошевиќ додаде дека здравствените работници се загрижени и поради огромниот прилив во болниците низ цела Србија, затоа што со моменталниот прилив на пациенти, нема да можат да се згрижат сите луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот