Вучиќ: Сите сакаат од кинеските вакцини, но Србија не може да ги извезува

Александар Вучиќ/Фото: EPA-EFE/NEMANJA JOVANOVIC

Српскиот претседателот, Александар Вучиќ, денеска рече дека сите се заинтересирани за кинеската вакцина, но дека Србија не може да ги извезува. На прес конференцијата со кинескиот амбасадор Чен Бо, на прашањето до каде може да посредува или да им помага на земјите од регионот во набавка на вакцините, Вучиќ изјави дека Кинезите донесуваат одлука каде се извезуваат вакцините.

– Сите се заинтересирани, но ние не можеме да ги извезуваме. Ние можеме да ги користиме само кај нас – објасни тој, додавајќи дека колку што знае, постои договор за испораки и во други земји во регионот, како Црна Гора и Северна Македонија.

– Јас сум ѝ бескрајно благодарен на Кина затоа што она што го видовме е дека станува збор за безбедна и многу сигурна вакцина, која нешто подоцна развива антитела, но без никакво загрозување за здравјето на луѓето. Направена е како вистинска вакцина чии антитела траат подолго. Со таа вакцина спасивме многу животи и ако не ја имавме, ќе имавме уште десетици илјади заболени – кажа Вучиќ.

Тој синоќа на белрадскиот аеродром дочека уште 500.000 дози вакцини на кинескиот Синофарм.

– Зад мене е нашиот најголем авион А-330, кој донесе 500.000 нови кинески вакцини Синофарм. Дојдов уште еднаш да ја покажам мојата благодарност и почит кон кинескиот претседател Си Џинпинг и кинескиот народ, но и да им кажам на граѓаните на Србија дека вечерва имаме вкупно 2.620.000 вакцини, дека договоривме вкупно 13.350.000 вакцини и да повикам луѓето да се вакцинираат – порача Вучиќ во видео пораката на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот