Вучиќ: Најтежок ден за Србија од почетокот на пандемијата

Српскиот претседател Александар Вучиќ/ Фото Архива на Слободен печат

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека според податоците за коронавирусот до 20.30 часот има близу 5 илјади хоспитализирани лица во болниците, дека ова е најтешкиот ден за Србија, пренесе Бета.рс.

-Ова е најголем број на заразени луѓе досега. Во моментов имаме над 4800 лица во болниците, сите наши болнички капацитети се полни- рече тој.

Вучиќ најави дека Србија ќе се обиде да набави повеќе дози вакцини против коронавирус.

-Постојат три причини за вакцините, тоа е да се спасат животите на луѓето. Другата работа е што ќе ја спаси нашата економија, а третата е дека ќе ги спаси младите- рече Вучиќ.

Тој изјави дека вакцинацијата нема да биде задолжителна, дека вакцината ќе ја примаат оние на кои им е потребна здравствена заштита, армијата и полицијата.

-Само би ги замолил оние што велат дека коронавирусот не постои да не бараат да ги чуваме во болница 50 – 60 дена. Не е фер кон лекарите и државата- рече Вучиќ.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот