Втор ден по ред над 3.000 новозаразени со коронавирус во Франција

Бројката со новозаразени од коронавирусот во Франција втор ден по ред надминува 3.000, објавија од француското министерство за здравство.

Во последните 24 часа биле пријавени 3.015 нови случаи, пренесува Ројтерс.

Денешниот број е сè уште помал од вчерашниот најголем број новозаразени лица по укинувањето на строгите мерки, кога беа пријавени 3.310 нови случаи.

Во Франција има вкупно 218 536 заразени од почетокот на пандемијата , додека починале 30 410 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот