Вртоглава бројка: Протече сумата што ја добила Марго Роби за улогата во „Barbie“

Фото: Инстаграм/ Bryce Scarlett

Филмот „Барби“ (Barbie) предизвика вистинска „Барбиманија“ во целиот свет.

„Barbie“ заработи 22,3 милиони долари на американските киноблагајни во четвртокот. Вкупната заработка во првата недела од прикажувањето се очекува да биде околу 100 милиони долари.

Премиерата на „Barbie“ го надмина претходниот рекорд од 17,5 милиони долари што го држеше „Guardians of the Galaxy Vol. 3“.

Пред самиот почеток на прикажувањето на филмот протекоа и платите на актерите. „Вариети“ дознава дека Марго Роби добила 12,5 милиони долари за улогата на Барби. Исто толку добил и Рајан Гослинг за улогата на Кен.

Австралиската актерка беше најплатената актерка во 2022 година, благодарение на филмот „Barbie“. Таа плата го надмина нејзиниот претходен највисок хонорар од 10 милиони долари за блокбастерот „Birds of Pray“ од 2020 година во кој ја глумеше Харли Квин.

Маргот уште во 2014 година изјави дека отсекогаш имала силна работна етика и дека отсекогаш штедела.

„Работев три работи истовремено. Во аптека, во канцеларија, во магацин, се занимавав со кетеринг… Секогаш се трудев да заштедам пари“, изјави тогаш таа.

Се чини дека успеала. Според веб-страницата „Селебрити нет ворт“ (Celebrity Net Worth), богатството на Марго Роби се проценува на 40 милиони долари, што вклучува заработка од филмови, соработки со големи брендови како „Шанел“ и посудавње недвижнижости.

ФОТО ГАЛЕРИЈА | Мода инспирирана од кукла: Маргот Роби како барбика на розовиот тепих

Погледнете што се случува кога ги пребарувате Рајан Гослинг, Маргот Роби или „Barbie“ на Гугл

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот