Времето денеска облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег

Времето во земјава ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во западните делови, особено претпладне и кон крајот на денот, а локално таму ќе наврнат и над 25 л/м2. На планините ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 10 степени.

Според Управата за хидрометеролошки работи, во следните денови ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите најобилни ќе бидат во западните делови, каде на планините ќе врне снег и значително ќе се зголеми снежната покривка, особено во Шарпланинскиот масив. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот