ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево со мала до умерена облачност, во Скопје магливо

Облаци / Фото: Архива

Наутро во котлините ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Како што информираат од УХМР, во Скопје утрово ќе биде магливо, а преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Денеска во текот на денот ќе има повеќе сончеви периоди, а од почетокот на следната седмица ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време. Температурите ќе бидат во пораст и ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, само на планините ќе бидат од снег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот