Вработените откриваат: МРАЧНАТА СТРАНА на работата на БРОД

Работата на крузерите се чини како идеална работа за многу млади луѓе. Патуваат низ светот и убаво се платени. Но таквата работа има и своја друга, мрачна страна.

„На крузерите немате слободни денови. Можете евентуално да имате некој слободен час, но мене алармот постојано ми беше вклучен. Работев во спортска група, ги надгледував гостите кои се качуваа по вештачката карпа. Иако во договорот ми пишуваше дека сум одговорен за спртските активности на гостите, постоеше и договор во кој пишуваше „Освен спортски и други работи“. Се испостави дека повеќепати морав да играм како машки стриптизер на диско вечерите кои беа резервирани замо за жени и девојки“, раскажува за Сан поранешен вработен на крузер.

Своето искуство го опишал и ди-џејот Елбард, кој на крузерите поминал две години.

„Можеби најодвратен дел на крузерите беше храната. Екипажот не јаде иста храна како гостите, а она што го јадевме тешко може да се нарече храна. Тоа повеќе изгледаше како нешто извадено од ѓубре. Некои готвачи имаа свои техники. Ставале нешто во храната за столицата да ни биде мека, раскажува Елбард.

„Најчесто спиеме по двајца или по тројца во кабините кои се мали и главно без прозорци. Ѕидовите меѓу кабините се толку тенки што се слуша сè што зборуваат во соседната кабина, а тушот од кабината е одвоен само со завеса. Во договорот воопшто нема клаузула за одмор, а ако добиете отказ, немате кому да се жалите. Немате на кого да му се обратите, не можете да му се јавите на некој дирекор, не можете да се пожалите, а најчесто за ништо не ви даваат некое конкретно објаснување“, раскажува поранешен работник на крузер.

Клер Сандерс (27) работела како фризерка на крузер.

„На крстарењата има многу сами патници кои сакаат да разговараат со членови од екипажот. Главно тоа се постари пензионери со кои за пари спиеја чистачките и не се срамеа поради тоа. Колку кој дополнително заработил на секс со патниците не беше никаква тајна, секој знаеше за сечија „хонорарна работа“, а некои дури се натпреваруваа кој ќе спие со повеќе патници“, раскажува Клер.

Тина Молсон работела во продавница на еден крузер.

„Работата на брод значи промискуитетен начин на живот, а повеќето членови од екипажот меѓусебно си скокаа во кревет едни на други. Кога некој ќе отидеше со припадник од спротивниот пол, припадниците од екипажот викаа: Такси!“, раскажува Тина.

„Тоа е еден осамен начин на живот и на секој му е добро да биде со некого. Членовите од екипажот со повисок ранг имаа подобра кабина па повеќето девојки сакаа да бидат со некој офицер без разлика на неговиот изглед или брачната сосртојба. Повеќето офицери имаа жени и деца дома, ама никому не му беше грижа за тоа. Еден живот водеа на копно, друг на море.“ продолжува Молсон.

„Алкохол и дрога имаше насекаде. На крузер е полесно да најдеш дрога отколку шише пиво. Секогаш се прераскажуваше како луѓето мртви пијани излегувале на палубата сосема голи на палубата“, раскажува Хајли Џејн која работела на крузер како хостеса.

Пред неколку години се појави видео кое прикажуваше како работниците имаат достапни само два туша и еден тоалет, а во една кабина спијат шестмина во кревети на кат. Некои компании на келнерите и на келнерките неделно им одземаат од платата одреден износ, да речеме 10-20 долари за скршени садови без оглед дали тие ги скршиле или не, а некои вработени, особено оние во кујната и во пералниците, горната палуба од работа и од умор не ја гледаат повеќе недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот