ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Играч во НФЛ лигата преживеа срцев удар

Досега единствен европски град каде се играат натпревари во НФЛ Лигата е Лондон/ фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Дуелот меѓу Синсинати и Бафало од НФЛ-лигата беше прекинат во првата четвртина, откако играчот на гостинскиот тим, Демар Хемлин доживеа срцев удар по контакт со противнички играч.

Хемлин најпрво успеа да стане на нозе, но неколку моменти подоцна падна на теренот. Медицинската екипа веднаш му пружи помош на 24-годишникот кој беше реанимиран на теренот, а потоа и префрлен во болница каде се наоѓа во тешка состојба.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот