ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО I Убиен е поранешен мексикански гувернер: Напаѓачот го застрелал од грб во тоалет во ресторан

Поранешниот гувернер на мексиканската држава Халиско, кој беше убиен во петокот наутро, беше ликвидиран во бањата на ресторан на плажата на одморалиштето Порто Валијарте, пренесуваат мексиканските медиуми.

Државниот правобранител рече дека нападот се случил кога Сандовал Диаз ја напуштил масата за да оди во тоалет, таму бил нападнат од позади, очигледно од двајца мажи со огнено оружје.

За време на прес-конференцијата властите објавија дека Аристотелс Сандовал имал тим телохарнители.

“Тој имаше во својот тим имал 15 телохранители, како и блиндирани возила. Тој беше заштитен според законот од службени лица и поранешни службеници со неговиот тим за безбедност”.

Пукањето продолжило сè додека телохранителите се обидувале да го пренесат Сандовал во болницата, пренесе АП.

Сандовал беше гувернер од 2013 до 2018 година, но тој беше во сенка на картелот Халиско, кој стана еден од најмоќните во земјата, сеејќи смрт и одмазда.

Денес, овој картел се натпреварува за превласт со картелот Синалоа, чиј шеф беше озлогласениот Ел Чапо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот