„Вознемирена земја“ на македонската авторка Кумјана Новакова се квалификува за Оскар

Фото: Промо

„Вознемирена земја“ на македонската режисерка Кумјана Новакова се квалификува за Оскар во категоријата за долгометражен документарен филм. Академијата за филмски уметности и науки во САД ја објави листата на филмови кои се квалификуваа за 95. издание на Оскарите, а гласањето започнува денеска (12 декември).

„Вознемирена земја“ кој е во македонска копродукција се квалификува за „Оскар“ со освојувањето на Големата награда (Grand Prize) на 14. издание на фестивалот на документарен ДМЗ Докс (DMZ Docs), информира режисераката Новакова.

Освојувањето на наградата на ДМЗ Докс беше проследено и со втората извонредна рецензија во едно од најпрестижните филмски списанија на светот „Скрин Дејли”.

– „Вознемирена земја“ е рефлексија и оддава почит на одлучната истрајност на човечкиот дух и неговиот капацитет да ги издржи и преживее и најстрашните околности, се наведува во рецензијата на „Скрин Дејли”.

„Вознемирена земја“ на Кумјана Новакова во корежија со Гиљермо Карерас-Канди, е во шпанско-босанска-македонска копродукција.

По премиерата во официјалната селекција во Сараево, филмот беше дел од официјалната програма на некои од најреномираните интернационални филмски фестивали во светот. Филмот го доби и специјалното признание „Кромид“ во главната програма за најдобар интернационален долгометражен креативен документарен филм на овогодинешниот МакеДокс, а беше номиниран и за најдобар источноевропски долгометражен документарен филм од Институтот за документарен филм во Прага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот